fbpx

Состојки

Употребата на овесот, како диво растение (Avena sativa) датира уште од 2000 г.п.н.е. на Арапскиот полуостров и во Египет. Тој бил користен за третман на несоница, анксиозност, но и за заболувања на кожата, вклучително егзема, изгореници и други воспалителни појави.  Во XIX и почетокот на XX век, најразлични состојби на кожата, особено воспалителните промени проследени со прурит (чешање) биле третирани со капење во вода со колоиден овес. Подоцна употребата на овесот во традиционалната медицина е поткрепена и со клиничките испитувања особено во контекст на неговите противоспалителни својства.

Денес, постојат многу клинички студии кои ја потврдуваат ефикасноста на колоидниот овес за состојби кај пациенти со нарушена кожна бариера и воспалителни процеси на кожата. Доказите недвосмислено укажуваат на ефективноста на колоидниот овес во заштита и обновување на кожата и косата оштетена од УВ зрачење, чад од цигари, бактерии и слободни радикали, како и смирувачкото и заштитно дејство при кожна иритација, воспаление и несакани промени. 1,2 Во друга клиничка студија докажано е дека колоидниот овес придонесува во намалување на чешањето кај акутни изгореници.3 Неговото дејство се должи на богатиот хемиски состав кој му дава широк спектар на својства. Клиничките индикации за употреба на колоидниот овес вклучуваат: противвоспалително дејство при иритација од растенија, убоди од инсекти, сипаници, егзема, уртикарија, пеленски осип, црвенило предизвикано од топлина, од сонце, чешање/пруритис, псоријаза, старечки и педијатриски дерматози, сувост или ксероза.4 Има и антиоксидативно дејство, делува како пребиотик, овозможува обновување на природната бариера на кожата и ја регулира pH вредноста.

Колоидниот овес всушност претставува фино мелен овес, односно прашок кој се добива од зрното овес со негова претходна обработка, мелење, дробење, сушење. Како таков се произведува и се користи во разни производи за нега и смирување на кожата уште од почетокот на минатиот век. Денес колоидниот овес е достапен скоро во сите видови докажани форми за нега на кожа: креми, масти, шампони, гелови и др., а во Канада и САД е регистриран од тамошните агенции за лекови како средство за заштита на кожата и е признат како единствена природна состојка за која може да се тврди дека штити и ублажува симптоми на егзема. Колоидниот овес покрај другите компоненти во својот состав содржи авенантрамиди, полифенолни соединенија кои поседуваат противвоспалително и антиоксидативно својство како и својство за апсорпција на ултравиолетовата светлина.

Тимот на ИНСТИТУТ со идеја овие бенефити од природно потекло да се стават на располагање на пациентите, формулираше палета производи за нега и заштита со колоиден овес во составот. На располагање ви се:

–          КРЕМ ЗА ЛИЦЕ за сува и чувствителна кожа, смирува, негува, штити и навлажнува
–          ЕГЗОВЕС маст наменет за нега и заштита кај локални иритации, сувост, црвенила, чешање и иритации
–          ЕГЗОВЕС ГЕЛ наменет за нега, заштита и хидратација на поголема површина на кожа кој може да се употребува при:

  • Сувост на кожата/ксероза
  • Црвенило од изгореници
  • Чешање

Користена литература:

    1. Aburjai T, Natsheh FM. Plants used in cosmetics. Phytother Res. 2003 Nov;17(9):987-1000. doi: 10.1002/ptr.1363. PMID: 14595575.
    2. Vié K, Cours-Darne S, Vienne MP, Boyer F, Fabre B, Dupuy P. Modulating effects of oatmeal extracts in the sodium lauryl sulfate skin irritancy model. Skin Pharmacol Appl Skin Physiol. 2002 Mar-Apr;15(2):120-4. doi: 10.1159/000049399. PMID: 11867969.
    3. Matheson JD, Clayton J, Muller MJ. The reduction of itch during burn wound healing. J Burn Care Rehabil. 2001 Jan-Feb;22(1):76-81; discussion 75. doi: 10.1097/00004630-200101000-00017. PMID: 11227690.
    4. Baumann LS. Less-known botanical cosmeceuticals. Dermatol Ther. 2007 Sep-Oct;20(5):330-42. doi: 10.1111/j.1529-8019.2007.00147.x. PMID: 18045358.
    5. Allais B, Friedman A. ARTICLE: Colloidal Oatmeal Part I: History, Basic Science, Mechanism of Action, and Clinical Efficacy in the Treatment of Atopic Dermatitis. J Drugs Dermatol. 2020 Oct 1;19(10):s4-s7. PMID: 33026768.
    6. Kurt A. PhD, Michelle Garay MS, Judith Nebus MBA, Chon PhD, Simarna Kaur PhD, Khalid Mahmood PhD, Menas Kizoulis BA, Michael D. Southall PhD Anti-Inflammatory Activities of Colloidal Oatmeal (Avena sativa) Contribute to the Effectiveness of Oats in Treatment of Itch Associated With Dry, Irritated Skin
    7. Ilnytska O, Kaur S, Chon S, Reynertson KA, Nebus J, Garay M, Mahmood K, Southall MD. Colloidal Oatmeal (Avena Sativa)Improves Skin Barrier Through Multi-Therapy Activity. J Drugs Dermatol. 2016 Jun 1;15(6):684-90. PMID: 27272074.

Глицеролот е физиолошки хумектант (силно привлекува и задржува вода) кој што не учествува во метаболните процеси на кожата, но превенира зголемен губиток на вода и го задржува stratum corneum добро хидратиран. Глицеролот превенира фазна транзиција на stratum corneum и спречува иритација и пенетрација на супстанци низ stratum corneum, спречувајќи алергиска инфламација на кожата.

Глицеролот поседува и антипруритични својства бидејќи го блокира ослободувањето на хистамин и овозможува да отпочне реставрацијата на нарушената структура на stratum corneum.1,2

Во неколку клинички студии забележано е дека глицеролот ја намалува магнитудата на физиолошкиот флукс на водата од површината на кожата и ја намалува брзината на трансепидермален губиток на вода.3,4,5,6

Во неколку клинички студии забележано е дека кога глицеролот се употребува редовно во подолг период во поголема концентрација го зголемува нивото на флагирин и профалгирин како и стимулација на MAPK (митоген активиран протеин киназа систем) кој што контролира многубројни процеси во кератиноцитите. Целокопниот ефект е забрзан процес на обнова на оштетената бариерна функција на кожата и превенција од понатамошно оштетување.7,8

  1. Agner T. Skin barrier function. New York: Karger, 2016. (Current problems in dermatology; vol 49.)
  2. Eichenfield LF, Tom WL, Berger TG, et al. Guidelines of care for the management of atopic dermatitis, section 2: management and treatment of atopic dermatitis with topical therapies. J Am Acad Dermatol 2014; 71: 116–32. DOI: 10.1016/j.jaad.2014.03.023. PubMed
  3. Batt, M.D., Davis, W.B., Fairhurst, E. et al. Changes in the physical properties of the stratum corneum following treatment with glycerol. J. Soc. Cosmet. Chem. 1988, 39: 367–81.
  4. Batt, M.D. and Fairhurst, E. Hydration of the startum corneum. Int. J. Cosmet. Sci. 1986, 8: 253–64
  5. Denda, M., Sato, J., Masuda, Y. et al. Exposure to a dry environment enhances epidermal permeability barrier function. J. Invest. Dermatol. 1998, 111: 858–63.
  6. Denda, M., Sato, J., Tsuchiya, T. et al. Low humidity stimulates epidermal DNA synthesis and amplifies the hyperproliferative response to barrier disruption: implication for seasonal exacerbations of inflammatory dermatoses. J. Invest. Dermatol. 1998, 111: 873–8.
  7. Páyer E, Szabó-Papp J, Ambrus L, et al.Beyond the physico-chemicalbarrier: Glycerol andxylitol markedly yet differentiallyalter gene expression profilesand modifysignalling pathways in human epidermalkeratinocytes. Exp Dermatol. 2018;27:280–284.
  8. Korponyai C1Szél EBehány ZVarga EMohos GDura ÁDikstein SKemény LErős G.Effects of Locally Applied Glycerol and Xylitol on the Hydration, Barrier Function and Morphological Parameters of the Skin. Acta Derm Venereol.2017 Feb 8;97(2):182-187. doi: 10.2340/00015555-2493.
 
Ксилитол претставува шеќер кој се наоѓа природно во многу растенија а може да се добие и по синтетски пат. Како нискокалоричен засладувач се користи како замена за шеќер во исхраната.

Ксилитолот е добро познат по неговите придобивки во здравјето на забите, бидејќи го редуцира ризикот за појава на кариес. Додека на кожата, докажано е дека делува како навлажнувач, ја подобрува бариерната функција и спречува развој на патогена флора.

Krista Salli, Markus J. Lehtinen, Kirsti Tiihonen and Arthur C. Ouwehand Xylitol’s Health Benefits beyond Dental Health: A Comprehensive Review

КОЛОИДЕН ОВЕС

Глицерол

aaaa_51

Ксилитол