Промени на кожата
Вовед
Атопичен дерматитис или егзема е хронична состојба на пруритис пропратена со сува кожа. Најчесто започнува во раната детска возраст и често е пропратена со други атопични состојби, како што е астма и алергичен ринокоњуктивитис.1
Атопичниот дерматитс афектира приближно 20-30% од детската популација и 2-10% од возрасната популација. Кај луѓето со лична или семејна историја на атопија (тенденција за развој на алергиска состојба), многу е поверојатно да се појави и развие атопичен дерматитис.1
Етиологијата за атопичен дерматитис сеуште не е целосно разјаснета. Се верува дека основната причина за појава на атопичен дерматитис е резулатат на нарушена бариера на кожата и предиспозиција кон алергиска инфламација. Надворешните тригери предизвикуваат алергиска реакција која што ги егзацеребрира симптомите на атопичниот дерматитис.
Кожната бариера овозможува заштита од надворешни потенцијални закани како што се патогени, хемикалии, иританси и алергени, кои можат да предизвикаат имунолошки одговор ако ја поминат кожната бариера и навлезат длабоко во епидермисот или дермисот на кожата.
Кожната бариера исто така овоможува заштита на телото од епидермален губиток на вода, па така кожната бариерна функција може да се измери преку брзина на тренсепидермален губиток на вода. Зголемениот трансепидермален губиток на вода кореспондира со зголемена пермеабилност на кожата. Кожната бариерна функција понекогаш може да се измери и преку кохезијата и хидратација на stratum corneum.2
Stratum corneum
Stratum corneum е надворешниот слој од епидермисот. Stratum corneum е составен од високо организиран интерцелуларен липиден матрикс и корнеоцити (сплоснати клетки без јадро кои што се исполнети со филаменти на кератин). Честопати stratum corneum се нарекува и како „тули и малтер“ на кожата, при што корнеоцитите претставуваат „тули“ а липидот претставува „малтер“.2
Хомеостазата на stratum corneum е нарушена кај пациенти со атопичен дерматитис кои имаат лезија на кожата и кај пациенти со атопичен дерматитис без лезија на кожата. Ова доведува до зголемен епидермален губиток на вода и зголемена пенетрација на алергени.1
Кај пациенти со атопичен дерматитис, составот и структурата на корнеоцитите и на интерцелуларниот липиден матрикс на stratum corneum може да биде нарушен на некој од следните начини:
- Губиток или нарушена функција на филагрин протеин (FLG)
- Зголемена активност на серин протеаза
- Нарушно процесирање на липидите 1
Филагрин протеин
Филагрин е значаен протеин за интегритетот и структурата на stratum corneum. Филагрин ги агрегира кератинските филаменти внатре во корнеоцитите и на тој начин помага во формирање корнифицирана клеточна обвивка околу корнеоцитите овозможувајќи функционална бариера на кожата. Деградационите продукти на филагрин допринесуваат за капацитетот на stratum corenum да задржи вода и овозможуваат кисела pH средина на stratum corneum. 2,3 Губитокот на филагирин доведува до нарушување на структурата на stratum corneum (ихтиоза) и тенденција на трансепидермален губиток на вода (ксероза). Мутацијата на губиток на функцијата во FLG генот е силен генетски ризик фактор за атопичен дерматитис. Мутациите на FLG генот се асоцирани со ран почеток на атопичен дерматитис, потешка клиничка слика на болеста и подолга презистенција на болеста. Кај повеќе од 50 % од пациентите со изразена средна и тешка клиничка слика на атопичен дерматитис, клиничките манифестации може да се поврзат со мутации на FLG генот.3
Лекување на атопичен дерматитис подобрувајќи ја бариерната функција на кожата
Хидратација на кожата со хидратациони средства е еден од главните пристапи на лекување на атопичен дерматитис. Хидратационите средства кои ја подобруваат бариерната функција на кожата (таканаречени бариерна крема или маст), кога се употребуваат редовно ја редуцираат појавата и времетраењето на релапс (влошувањето) на атопичниот дерматитис4.
Од спроведените рандомизирано контролирани клинички студии кај неонатална популација која имала голем ризик од појава на атопичен дерматитис било забележано дека секојдневна употреба на хидратационо средство доведува до обновување на бариерната функција на кожата, поактивно превенирајќи појава и прогресија на атопичен дерматитс.5,6
Улогата на глицерол во обнова на кожната бариерна функција и лекување на атопичен дерматитис
Глицеролот е физиолошки хумектант (силно привлекува и задржува вода) кој што не учествува во метаболните процеси на кожата, но превенира зголемен губиток на вода и го задржува stratum corneum добро хидратиран. Глицеролот превенира фазна транзиција на stratum corneum и спречува иритација и пенетрација на супстанци низ stratum corneum, спречувајќи алергиска инфламација на кожата.
Глицеролот поседува и антипруритични својства бидејќи го блокира ослободувањето на хистамин и овозможува да отпочне реставрацијата на нарушената структура на stratum corneum.2,7
Во неколку клинички студии забележано е дека глицеролот ја намалува магнитудата на физиолошкиот флукс на водата од површината на кожата и ја намалува брзината на трансепидермален губиток на вода.8,9,10,11
Во неколку клинички студии забележано е дека кога глицеролот се употребува редовно во подолг период во поголема концентрација го зголемува нивото на флагирин и профалгирин како и стимулација на MAPK (митоген активиран протеин киназа систем) кој што контролира многубројни процеси во кератиноцитите. Целокопниот ефект е забрзан процес на обнова на оштетената бариерна функција на кожата и превенција од понатамошно оштетување.12,13.
Филагрин протект мастот е иновативна формула, која се разликува од останатите слични производи на пазарот бидејќи во својот состав содржи повискока концентрација на глицерол во еднолична смеса со вазелин, течен парафин и восочен стеарил алкохол. Се изработува како магистрален препарат и не содржи конзерванс, па оттука рокот на траење на мастот е шест месеци од датумот на негова изработка (според германската фармакопеја за магистрални препарати кои во својот состав не содржат вода).
Филагрин протект мастот е високо емолиентен, овозможува ефикасна хидратација на кожата која трае 24 часа и со редовна употреба кај повеќето пациенти спречува појава на атопичен дерматитис и предизвикува ремисија на клиничката слика на атопичен дерматитис. Првите поволни клинички значајни ефекти се забележуваат после употреба од времетраење во просек од 10 денови , ако се употребува два пати дневно, но кај долго време нелекуван атопичен дерматитис или атопичен дерматитис лекуван со кортикостероиди при што настанало задебелување на кожата, поволните ефекти од мастот можат да се забележат подоцна од 10 денови.
Сите пропратни компоненти во мастот Филсгрин протект се нетоксични за човековиот организам, не се токсични ниту за животната средина, клинички се тестирани и имаат традиција на употреба во козметичките производи повеќе од 100 години14.
Користена литература
- Bolognia JL, Schaffer JV, Cerroni L. Dermatology [2 volumes], 4th London: Elsevier, 2017.
- Agner T. Skin barrier function. New York: Karger, 2016. (Current problems in dermatology; vol 49.)
- McAleer MA, Irvine AD. The multifunctional role of filaggrin in allergic skin disease. J Allergy Clin Immunol 2013; 131: 280–91. DOI: 10.1016/j.jaci.2012.12.668. PubMed
- van Zuuren EJ, Fedorowicz Z, Christensen R, Lavrijsen A, Arents BWM. Emollients and moisturisers for eczema. Cochrane Database Syst Rev 2017; 2: CD012119. DOI: 10.1002/14651858.CD012119.pub2. PubMed
- Simpson EL, Chalmers JR, Hanifin JM, et al. Emollient enhancement of the skin barrier from birth offers effective atopic dermatitis prevention. J Allergy Clin Immunol 2014; 134: 818–23. DOI: 10.1016/j.jaci.2014.08.005. PubMed
- Horimukai K, Morita K, Narita M, et al. Application of moisturizer to neonates prevents development of atopic dermatitis. J Allergy Clin Immunol 2014; 134: 824-30. DOI: 10.1016/j.jaci.2014.07.060. PubMed
- Eichenfield LF, Tom WL, Berger TG, et al. Guidelines of care for the management of atopic dermatitis, section 2: management and treatment of atopic dermatitis with topical therapies. J Am Acad Dermatol 2014; 71: 116–32. DOI: 10.1016/j.jaad.2014.03.023. PubMed
- Batt, M.D., Davis, W.B., Fairhurst, E. et al. Changes in the physical properties of the stratum corneum following treatment with glycerol. J. Soc. Cosmet. Chem. 1988, 39: 367–81.
- Batt, M.D. and Fairhurst, E. Hydration of the startum corneum. Int. J. Cosmet. Sci. 1986, 8: 253–64
- Denda, M., Sato, J., Masuda, Y. et al. Exposure to a dry environment enhances epidermal permeability barrier function. J. Invest. Dermatol. 1998, 111: 858–63.
- Denda, M., Sato, J., Tsuchiya, T. et al. Low humidity stimulates epidermal DNA synthesis and amplifies the hyperproliferative response to barrier disruption: implication for seasonal exacerbations of inflammatory dermatoses. J. Invest. Dermatol. 1998, 111: 873–8.
- Páyer E, Szabó-Papp J, Ambrus L, et al.Beyond the physico-chemicalbarrier: Glycerol andxylitol markedly yet differentiallyalter gene expression profilesand modifysignalling pathways in human epidermalkeratinocytes. Exp Dermatol. 2018;27:280–284.
- Korponyai C1, Szél E, Behány Z, Varga E, Mohos G, Dura Á, Dikstein S, Kemény L, Erős G.Effects of Locally Applied Glycerol and Xylitol on the Hydration, Barrier Function and Morphological Parameters of the Skin. Acta Derm Venereol.2017 Feb 8;97(2):182-187. doi: 10.2340/00015555-2493.
- Handbook of Pharmaceutical Excipients Sheskey, Paul J; Cook, Walter G; Cable, Colin G Eighth Edition
Што претставува егзема?
Егземата позната и како дерматитис претставува збир на кожни промени проследени со црвенило, сувост и чешање, а ги засегаат сите старосни групи од новороденчиња до стари лица.
Во зависност од симптомите, тригерите и наследните фактори може да се поделат седум видови на егзема и тоа:
Атописки дерматит (АД) е најчест тип на егзема која засега околу 20% од детска популација и 10% од возрасна популација. Етиологијата за атопичен дерматитис сеуште не е целосно разјаснета. Се верува дека основната причина за појава на атопичен дерматитис е резулатат на нарушена бариера на кожата и предиспозиција кон алергиска инфламација. Надворешните тригери предизвикуваат алергиска реакција која што ги егзацеребрира симптомите на атопичниот дерматитис.
Вообичаен третман на атопискиот дерматит е со емолиенси по можност маст (филагрин протект бариерна маст), крем, лосион како и локални кортикостероиди во зависност од состојбата. Кон топикалниот третман потребни се промени и на животниот стил, исхрана, хигиена, редовен сон и отсуство на стрес.
Атопискиот дерматит најчесто започнува во раната детска возраст и често е пропратен со други атопични состојби, како што е астма и алергичен ринокоњуктивитис.
Контактен дерматит на кожата се појавува како резултат од иритација или воспаление од физички контакт со алерген од околината. За разлика од атопискиот дерматит не е наследен и не е поврзан со други алергиски состојби како астма и алергиски ринокоњуктивитис. Стандарден третман вклучува кортикостероиди, како и кожен тест за откривање на иритансот. Тимот на Институте како решение за овој проблем ја има формулацијата ЕГЗОВЕС маст која во соработка со лекари дерматолози и пациенти со контактен дерматит се докажала како ефикасна и безбедна за пациентите. Производот во себе содржи колоиден овес, козметичка суровина со клинички докажана ефикасност во смирување на воспалителни процеси, црвенила, сувост, чешање.
Контактниот дерматит се појавува ненадејно и исчезнува со отстранување на иритансот. Вообичаено се појавува на она место каде иритансот доаѓа во директен допир со кожата, пример честа појава е на рацете.
Дисхидроична егзема или помфилокс претставена е со мали меурчиња на прстите на рацете и стапалата. Причината за појава на овој тип на егзема не е позната, но забележано е дека се пренесува во семејството.
Како третман за овој тип на егзема се препорачува интензивна нега со природни навлажнувачи како и лекови во зависност од состојбата. Производите од ЕГЗОВЕС линијата се предлог ефикасно решение за овој тип на егзем како ЕГЗОВЕС гелот исто така и маста.
Невродерматит, познат и како хроничен лихен симплекс, претставува чест тип на егзема кој која започнува со петна на кожата кои чешаат. Колку повеќе се чеша кожата толку уште повеќе чеша. Овој круг влијае со тек на времето кожата да стане сува и задебелена. Болеста не е заразна и не е животно загрозувачка но е доживотна. Невродерматитисот може да се појави од стрес, тесна облека (посебно ако е синтетска или од волна), убод од инсект, оштетување на нервите и сува кожа. Чешањето може да е толку интензивно и често да се повторува да го нарушува сонот и квалитетот на живот.
Третманот на ова заболување е насочен кон престанок на чешањето и регенерација на кожата, тука се вклучени топикални кортикостероидни, калцинеурин инхибитори и козметички препарати кои обезбедуваат регенерација на кожна бариера и намалуваат чешање. Производите ИНСТИТУТЕ за регенерација на кожната бариера може да бидат од голема корист, како филагрин и ЕГЗОВЕС линијата.
Нумуларна егзема, нумуларен дерматитис или дискоидна егзема се карактеризира со единечна папула или була околу која се создаваат повеќе папули. Овој тип на егзема може да се развие како резултат на сува кожа, траума на кожата или како реакција на алергени или иританси. Може да личи на друг тип кожно заболување, затоа од голема важност е точна дијагноза за соодветен третман и нејзино целосно отстранување.
Третманот на овој вид егзема согласно проценка на состојба е со комбинација на топикални лекови. Но повторувањето може да се спречи со континуирана нега со производи за навлажнување како што се од производите на ИНСТИТУТЕ од линијата на ЕГЗОВЕС гел и маст.
Себороичен дерматит претставува воспаление на кожата проследено со чешање и нејзино лупење. Вообичаено се појавува на места каде има поголема концентрација на жлезди кои лачат себум како што се горен дел на грб, околу нос, скалп. Воспалението е резултат на габична инфекција предизвикано од прекумерен раст на Malassezia која е нормален жител на кожата. Затоа и третманот е со соодветен лек.
Стазен дерматит или т.н. гравитационен дерматит, венска егзема и венски стазен дерматит се јавува како резултат на слаба циркулација во нозете. Симптомите вклучуваат отекување на нозете, обојување на кожата кафено, пурпурна, сива или потемни тоново на кожа или црвенило кај посветла кожа), чешање, лупење и сувост.
Третманот се состои во отстранување на причинителите за венска стаза, медицински помагала за поддршка како компресивни чорапи, подигање на нозете, избегнување на солена храна и согласно со состојбата топикални кортикостероиди и антибиотици доколку има и инфекција. Стазен дерматит се јавува на нозете и кај луѓе над 50 години.
ШТО е заедничко кај сите седум типови на егзема?
Заедничко кај сите овие типови на егзема претставува чешањето. Воедно сите типови на егзема се карактеризираат со воспалителен процес и заеднички воспалителни медијатори во крвта.
ФИЛА КОЗМЕТИК во својата визија и мислија е посветена кон пронаоѓање на решенија дерматолошки проблеми посебно повторувачки кои влијаат врз квалитетот на живот на пациентите. Со своите иновативни решенија создаваме уникатни формулации кои ефикасно влијаат на регенерација на кожната бариера, ефикасна хидратација, нега, смирување на црвенило, чешање, сувост со избор од линијата ЕГЗОВЕС гел и маст како и ФИЛАГРИН протект бариерната маст.