КРЕМ ЗА ЛИЦЕ за сува и чувствителна кожа

650,00 ден

-
+

Богат крем за дневна и ноќна употреба за чувствителна и сува кожа со колоиден овес и бадемово масло.
Без додадени мириси и бои, со природни конзерванси.

Без категорија

Имате прашање или сугестија?
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

Чувствителната кожа се одликува со зголемена чувствителност на надворешни влијанија кои доведуваат до појава на црвенило чешање и чувство на жарење.

Се препорачува таа да се негува со безбеден, но едноставен и ефикасен крем кој овозможува нега, заштита, навлажнување и омекнување на кожата.

Кремот за лице за нега на сува и чувствителна кожа, формулиран со бадемово масло и колоиден овес, интензивно ја навлажнува и штити природната бариера на кожата што помага за смирување на црвенилото, сувоста, чешањето и иритацијата.

Бадемовото масло со својот избалансиран липиден состав, помага во навлажнување и омекнување на кожата.

Колоидниот овес помага во смирување на црвенило, чешање и иритации на кожата.

Глицеролот силно ја привлекува и задржува водата на површината на кожата што води до одлично навлажнување на кожата и влијае на обновување на нејзината бариера.

Со редовна употреба на кремот за лице, кожата ја задржува својата влажност во текот на целиот ден, што и дава изглед на здрава и негувана кожа.

Брзо се апсорбира, остава тенок слој, кој ја штити кожата во текот на целиот ден оставајќи чувство на мекост и нежност.

Кремот за лице содржи само природни конзерванси и сите придружни компоненти во него се нетоксични за човековиот организам и за животната средина.

Не содржи мириси и бои.

Кремот за лице се нанесува на чиста и сува кожа на лицето, вратот и деколтето наутро и навечер во тенок слој и благо се втрива.

Само за надворешна употреба.

Доколку се појави реакција на пречувствителност на некоја од составните компоненти на кремот, да се прекине со употреба.

Да се чува на температура до 25°C во оригиналното пакување.

Да се чува вон дофат на деца.

1 година од датумот на производство.

Да не се употребува после истекот на рокот на употреба.

50ml