FILAGGRIN PROTECT® 60ML БАРИЕРНА МАСТ за интензивна нега на сува и оштетена кожа

850,00 ден

-
+

Filaggrin protect® бариерна маст е иновативна формулација која содржи поголема концентрација глицерол во својот состав. Глицеролот овозможува ефикасна хидратација на кожата, обезбедува нега и заштита од прекумерна сувост и оштетување. Овозможува смирување и омекнување на кожата и обновување на нејзината бариера.

Се препорачува кај:

  • Атопична кожа
  • Чувствителна, многу сува и оштетена кожа
  • Кожа склона на иритација и јадеж
  • Сенилна ксероза
  • Суви испукани раце
  • Сува и оштетена кожа на петици и стапала

Без категорија

Имате прашање или сугестија?
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

Кожата претставува природна и примарна бариера која штити од надворешни влијанија. Таа однадвор обезбедува заштита од инфективни агенси, хемикалии и алергени, а одвнатре обезбедува заштита од прекумерно губење вода од организмот. Со нарушување на оваа бариера во голема мера е олеснет влезот на алергени и иританти во кожата што резултира со нејзино воспаление.

 

Филагрин протеин

Филагрин е протеин кој природно се наоѓа во структурата на површинскиот слој на кожата и игра значајна улога во нејзиниот интегритет. Губитокот на филагирин доведува до нарушување на структурата на површинскиот слој на кожата и губење на вода што предизвикува прекумерна сувост на кожата.

Глицерол и неговата улога во обнова на кожната бариерна функција

Глицеролот е физиолошки навлажнувач, кој силно ја привлекува и задржува водата на површината на кожата. При редовна употреба на глицерол во поголема концентрација се зголемува нивото на филагрин протеинот во кожата, а филагрин протеинот го намалува губењето на вода од кожата. На овој начин се обновува оштетената бариерна функција на кожата и заштитува од нејзино понатамошно нарушување. (1,2)

 

филагрин протект® бариерната маст не содржи конзерванси и сите пропратни компоненти во неа се нетоксични за човековиот организам и за животната средина. Не содржи мириси и бои. Погодна е и за бебиња. pH 5

  1. Páyer E, Szabó-Papp J, Ambrus L, et al.Beyond the physico-chemicalbarrier:
    Glycerol andxylitol markedly yet differentiallyalter gene expression profilesand modifysignalling pathways in human epidermalkeratinocytes. Exp Dermatol. 2018;27:280–284.
  2. Korponyai C1, Szél E, Behány Z, Varga E, Mohos G, Dura Á, Dikstein S, Kemény L, Erős G.Effects of Locally Applied Glycerol and Xylitol on the Hydration, Barrier Function and Morphological Parameters of the Skin. Acta Derm Venereol. 2017 Feb 8;97(2):182-187. doi: 10.2340/00015555-2493.

филагрин протект® бариерната маст се нанесува на сува и оштетена кожа 2-3 пати на ден во тенок слој и благо се втрива.

Филагрин протект® бариерната маст се нанесува на претходно исчистена кожа.

Само за надворешна употреба.

 

Доколку се појави реакција на пречувствителност на некоја од составните компоненти на маста, да се прекине со употреба.

Да се чува на температура до 25°C во оригиналното пакување.

Да се чува вон дофат на деца.

2 години од датумот на производство.

Да не се употребува после истекот на рокот на употреба.

60ml