Политика за приватност
Оваа Политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страница и/или користите некоја од нашите услуги. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Личните податоци во ФИЛА КОЗМЕТИК ДОО Скопје се:
– обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци;
– собираат за конкретни, јасни и легитимни цели;
– соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат;
– точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени;
– чувани во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци;
– обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки.
- Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Друштвото за производство, трговија и услуги ФИЛА КОЗМЕТИК ДОО Скопје, со седиште на ул. Бледски договор бр. 8, Скопје – Карпош.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
- Категории на податоци кои се обработуваат
- Посетители на нашата интернет страна – Податоци за навигација.
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
При посетата на нашата интернет страница, за секој посетител се креираат логови со следните податоци:
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.
- Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
- Податоци од финансиска природа:
- пристап до видот на платежната картичка,
- датум и време на трансакцијата,
- износ на трансакцијата,
- ограничен дел од бројот на картичката (на начин што е генерално дозволен од издавачите на платежни картички),
- податоци за нарачката,
- идентификациски број на нарачката.
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања, како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања, обезбедување на повратни информации, исл.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис.
Со оглед на тоа што преку нашата веб- страна се врши електронско плаќање, може да имаме пристап до информациите за наплата, како на пример:
Овие податоци исто така ќе бидат собрани и обработени од страна на нашите доверливи добавувачи како трети страни (_________ Банка), во согласност со условите и правилата на нивните политики за приватност и условите за користење.
При спроведување на нарачките, кога ќе ги внесете Вашите лични податоци, авторизацискиот процес на виртуелниот ПОС терминал се префрла на портал на процесинг центарот на ________ Банка, каде Вие ги внесувате потребните податоци за картичката.
Вашите лични податоци секогаш се обработуваат во согласност со позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
- преку нашиот email: _________________
- преку пошта,
- по факс,
- усмено.
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на Контролорот, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
- По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
- Да одговориме на прашања во врска со нашите производи и услуги, барања, предлози, поплаки.
- Реализација на нарачката, платежните трансакции, доставување на продуктите, враќање на продуктот и средствата, решавање на поплаки на сигурен и ефективен начин.
- Податоци за нарачката и плаќањата може да се користат за маркетинг и бизнис развој, анализа, детектирање на измами и кражби во врска со онлајн продажбата согласно законските прописи.
- Доставување на директни маркетинг понуди, информации за попусти, преку email и текст пораки, телефон или преку пошта.
- За оптимизирање на онлајн корисничкото искуство, персонализирани маркетинг пораки и промоции кои се резултат на алгоритамска анализа и предвидување на преференци, интереси и однесувања.
- За истражување и следење на однесувањето на Корисникот, неговите навики и интереси, за да се анализира ефикасноста на рекламирањето, заради статистички цели и заради подобрување на понудените услуги. За оваа цел може да користиме Google Analytics. Зегин може да ги обработува овие информации во персонализирана форма заедно со други информации за Корисникот што тој ги доставил при регистрацијата.
- За да добивате попусти и поволности преку Вашето учество во нашата Програмата за лојалност, наградни игри, анкети или истражувања, едукации.
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на АЗЛП.
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци Владимир Гроздановски на следниот меил: vladimir.grozdanovski@zmc.mk.
Ако сметате дека начинот на кој Фила Козметик ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, со поднесување Барање до Агенцијата на следниот e-mail: info@privacy.mk или на нивната веб страна: https://dzlp.mk/.
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.