Политика за достава на производи
Оваа политика се однесува на доставата за сите нарачки направени по електронски пат. Производите ќе се испорачуваат преку компанија за достава избрана од ИНСТИТУТ КОЗМЕТИК ДОО на адресата која е наведена во нарачката под следните услови:
– Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена на нарачката и тоа:
– за нарачки до 1199,00 ден доплатата е 150 денари;
– за нарачки од 1200,00 ден доставата е бесплатна.
– Испораката се врши во сите делови на РС Македонија.
– Испорака се врши секој ден, освен на државни празници и неработни денови.
– Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот.
– Испораката на производите е до 3 работни денови.
Политика за рекламации и враќање на производи
Секој купувач е должен при испорака на производите да ги провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш на доставувачот. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.
Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:
– испорака на производи кои не се нарачани
– испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба
– испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспортот
Купувачот при прием на пратката треба да ја прегледа истата, да провери дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба. Доколку пратката е неисправна, купувачот треба да се пожали во истиот момент. ИНСТИТУТ КОЗМЕТИК не одговара и не заменува производи по приемот на пратката, доколку производот не е во оригиналното пакување или е употребуван.
Во случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација на тел. 02 3104 963 или писмено преку e-mail на info@institute.com
Производот кој е неупотребуван, неотпакуван, може да се врати во рок од 15 дена од денот на нарачката, заедно со приложен документ за купопродажба.
ИНСТИТУТ КОЗМЕТИК има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата на ИНСТИТУТЕ.
Нашата политика за враќање на производи е достапна на нашата веб странa.