ИНСТИТУТ КОЗМЕТИК е компанија за производство и трговија со козметички производи основана 01.12.2020 година. Основана е како резултат на неколкугодишна работа на фармацевт во изнаоѓање решенија за бројни дерматолошки патологии согласно светски препораки и докази за ефикасноста на состојките. По голем број обиди и формулации како и докази кај пациентите, производите почнаа да се изработуваат и магистрално, за брзо потоа со цел да бидат достапни до поголем број пациенти почнат да се изработуваат комерцијално во производствената компанија Бионика Фармацеутикалс.
Мисија
Мисијата на ИНСТИТУТ КОЗМЕТИК е да развие препознатлив домашен бренд кој дава ефикасни решенија за низа дерматолошки патологии. Да пласира иновативни, безбедни, едноставни формулации со состојки со клинички докажано дејство. Да ја потврди ефикасноста на дејството кај пациентите и гради доверба на безбедно решение за нивните потреби.
Визија
Визија на компанијата е брендот да прерасне во синоним за квалитет во нега и заштита на бројни дерматолошки проблеми во и вон рамките на својата држава.