Нашиот тим се проширува! 💻 🌷
Во потрага сме по медицински претставник кој ќе ни помогне во продажните активности и позиционирање на портфолиото на медицински и козметички производи на нашиот бренд.
Опис, цели и одговорности на работните задачи:
- Маркетинг и продажба на портфолиото на медицински и козметички производи на Institute Lab
- Понуда, промоција и презентација на производите на постоечки и потенцијални клиенти
- Реализација на посети на општи лекари, интернисти, специјалисти и фармацевти согласно планот за продажба низ целата територија на Северна Македонија.
- Следење и анализа на фармацевтскиот пазар и изработка на редовни извештаи од продажните активности
- Активно учество и придонес во развојот на компанијата.
Потребни квалификации:
- Добри комуникациски и презентациски вештини
- Самодоверба, одлучност и упорност
- Одговорност кон доверените работни задачи
Познавање на MS Office пакетот - Возачка дозвола Б категорија – активен возач
- Високо образование од областа на Медицина/Фармакологија/Стоматологија ќе се смета за предност
- Работно искуство во продажба и промоција на медицински производи и услуги ќе се смета за предност
Услови за работа:
- Конкурентна плата со можност за дополнителна компензација во зависност од остварувањето на продажните цели и таргети\
- Службено возило.
- Позитивна работна средина
- Континуирана можноста за напредување
- Можност за индивидуален придонес кон организација на работното време и обврски согласно стратегијата на компанијата
Работно време:
- 40 ефективни работни часови неделно
Сите заинтересирани за позицијата медицински претставник може да го достават своето своето CV на:
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.